-->
-->
Македонски ден на фјучрсот во Скопје
-->
На терените на ТК „Тенис парк“ денеска ќе се играат мечевите од 1.коло во сингл конкуренција и 1/4 финалето во игра на двојки на вториот фјучрс турнир во Скопје. Денешната програма е богата со мечеви на македонските тенисери.
На теренот број 1 први ќе се појават Горазд Србљак и Стефан Мицов мечот почна во 10 часот. По овој дуел на истиот терен Томислав Јотовски ќе игра против Дује Кекез од Хрватска.
Другите мечеви на нашите тенисери ќе бидат во попладневната програма. Поради топлото време мечевите ќе почнат од 16 часот. Вториот „македонски двобој“ во 16 часот ќе го играат Димитар Грабул против Бесир Дургути на теренот број 1, а потоа е мечот во двојки на Србљак и Мицов против вторите носители Пропоџиа и Јанг.
На теренот број 2 од 16 часот Давид Мицевски ќе игра против третиот носител Нино Сердарушиќ, а на теренот број 3 во истото време ќе играат и Шендрит Деари против Бразилецот Ерик Калегур.
Во конкуренција на двојки попладнето меч треба да игра на теренот број 2 и Јотовски заедно со Милан радојковиќ против Цутули и Фонио од Италија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пронајдени 10 пакувања со марихуана кај 18-годишник
-
Уапсени тројца кавадарчани кои краделе од плантажа на компанија
-
Ватикан: Папата Франциск е во стабилна здравствена состојба и имаше мирна ноќ
-
На Попова Шапка и Лазарополе утрово најстудено
-
Два златни медали за македонската репрезентација во џуи џицу на „Словенија Опен“
-
Претрес во Тетово, одземени марихуана и дробилки со остатоци од марихуана
-
Атлетико Мадрид нов лидер во Шпанија
-
Прва АТП титула за Чехот Махач