-->
-->
Македонски боксер убиен во Сирија
-->

Во Сирија е убиен уште еден Албанец од Македонија, објавија медиуми на албански јазик во Македонија. Според информациите, станува збор за скопјанецот со презиме Адеми, познат член на боксерскиот клуб ,,Шкупи“.
Весникот „Бота сот“ во денешното издание наведува дека до сега во Сирија и Ирак се убиени 40 Албанци од Косово, Албанија и Македонија. Истиот извор информира дека во Сирија и Ирак се убиени 10 Албанци од Македонија 21 Албанец од Косово, додека од Албанија 8. Едно лице е од Прешево, Јужна Србија.
Инаку странските медиуми јавуваат дека најголемиот број на Албанци, како и други националности од Балканот, таму војуваат на страната на Исламска држава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Побаран притвор за Стефан Богоев за поткуп од 1800 евра
-

Македонија меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа
-

Тема на денот со министерката за финансии Кочоска
-

Мицкоски: Ќе победиме со разум, Филипче: Рефрендум за уставни измени
-

Побаран притвор за Стефан Богоев за поткуп од 1800 евра
-

Савески: Предметот „Мазут“ е во фаза на одлучување
-

Обвинителството со докази за инспекциски надзори, според одбраната тие се нерелевантни за пожарот
-

Не работеле во Институтот за јавно здравје ама си точеле бензин со картичка од ИЈЗ
