Македонската Влада со награда за најдобра во ЈИЕ за поддршка на претприемништвото
Владата на Република Македонија ја доби наградата за најдобра влада во ЈИЕ за поддршка на претприемништвото на Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели што се одржува во Истанбул, а на кој учествува вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.
Наградата ја врачија Џонатан Ортманс, копретседателот на Глобалната мрежа на бизнис ангели и Бајбарс Алтунташ, заменик- претседател на Европската трговска асоцијација за пазарни инвестиции на компании во рана фаза на развој и бизнис ангели и претседател на Асоцијацијата на бизнис ангели во Турција, кои се и организатори на овој Форум.
- Владата на Република Македонија го препозна значењето на малите и средни претпријатија за намалување на невработеноста и обезбедување на повисок и стабилен економски раст, стои во најавата на наградата од организаторите.
Изминативе години, според организаторите на Форумот, економијата на Република Македонија бележи забележителен прогрес, што се отсликува и во извештаите на реномирани светски економски институции. Според извештајот на Дуинг бизнис на Светска Банка, Република Македонија бележи напредок од дури 82 позиции од 2007 година и е рангирана на 12-то место во светот и 6-то во Европа, а е втора најдобра земја во светот за започнување на бизнис. Според Глобалниот извештај за конкурентност на Светскиот економски форум, во последните 9 години Македонија бележи напредок од дури 34 позиции.
Вицепремиерот Пешевски истакнал дека ова признание е дополнителен поттик на Владата да работи уште понапорно и да продолжи да ги имплементира добрите економски политики со цел да ги подобри условите за водење бизнис на компаниите.
Според него, изминатите години Владата на Република Македонија реализираше низа реформи во повеќе сфери, со што се постигнати резултати кои се импресивни според сите стандарди, а Македонија е препознаена како една од најпрогресивните држави во светот.
Вицепремиерот Пешевски потенцирал дека со имплементирање на комплементарните економски политики намалена е невработеноста во државата за над 10 процентни поени, се привлекуваат странски ивестиции кои создаваат производи со додадена вредност кои значително влијаат на зголемување на извозот, а сето тоа придонесува континуирано Република Македонија да има раст на бруто домашниот производ меѓу највисоките во Европа.
Според Пешевски, инвестициите во инфраструктурата, најниските даночни трошоци во светот и општо ниските вкупни трошоци за водење на бизнис се предност за домашните и странските компании кои работат во земјата.
Претходно, на маргините на работниот дел од Форумот, вицепремиериот Пешевски остварил и средба со претставници на Македонската асоцијација на бизнис ангели и со претставници од македонските компании кои учествуваа на форумот, на која се дискутираше за потребите на компаниите и подобрување на бизнис климата во Република Македонија.
Затворањето на „Светскиот инвестициски форум на бизнис ангели“ е денеска. Со свои излагања учествуваа стотина реномирани економски експерти и бизнисмени и се презентираа најдобрите искуства и практики од јавниот и приватниот сектор за полесно обезбедување на финансиски средства на малите и средните компании, кои се двигател на економскиот развој на земјите.
Ново на Сител
-
Апсења во случај на корупција во кој е вклучена агенција на НАТО
-
Таравари: Јас поднесувам оставка, другите ќе бидат разрешени
-
Зеленски рече дека е подготвен за каков било формат за преговори за ставање крај на војната
-
Пратениците донесоа повеќе закони, долга дискусија по измените на Законот за Инспекторат за употреба на јазиците
-
Приведен 33 годишник од Битола, при претрес на неговиот дом пронајдени се дрога и воздушна пушка
-
Студентите од Правниот факултет во Ниш поднесоа кривична пријава против Вучиќ поради посетата на пациенти од Кочани во УКЦС
-
Почна протестот на семејството на Фросина Кулакова која загина во сообраќајка на „Партизанска“
-
Обвинителството бара замена на мерката „притвор“ со „куќен притвор“ за поранешен министер за економија и државен секретар за трагедијата во Кочани