Македонската Влада изрази жалење за убиството на Оливер Ивановиќ
Владата на Република Македонија изразува длабоко жалење за бруталното убиство на еден од политичките лидери на Србите на Косово, Оливер Ивановиќ.
„Со целосно разбирање за траумите од овој нецивилизиран чин, се надеваме на воздржаност, како и на брза реакција на надлежните во Република Косово, низ институционална постапка да се разјаснат околностите и да се откријат организаторите и извршителите на ова брутално убиство“, се наведува во соопштението од владината прес-служба.
Од Владата изразуваат надеж дека политичките елити, како и граѓаните на Косово и Србија ќе продолжат со процесите на унапредување на меѓусебните односи.
Владата на Република Македонија повикува и им се придружува на гласовите на разумот дека насилството и теророт не се решение и дека регионот треба продолжи напред во претстојниот исклучително значаен период за сите земји во опкружувањето.
Ново на Сител
-
Сашо Дранго ќе биде разрешен доколку се потврди дека ја застрелал мечката, најави Мицкоски
-
Над 3.000 универзитетски професори во Србија ги поддржаа студентите
-
Најмалку пет лица загинаа во зимската бура во САД
-
Александар Тарабунов со нова песна - „Снегови“
-
Ердоган: Турција ќе воведе 5Г мрежа во 2026 година
-
Српските специјалци ликвидираа маж кој уби едно лице во Јагодина
-
Бројот на загинати од земјотресот во Тибет се искачи на 95
-
Прегазен 66-годишен пешак во Тетово, сторителот побегнал