Македонската туристичка понуда на меѓународен саем во Софија

Туристичката понуда на Македонија е дел од меѓународниот саем за туризам „HOLIDAY&SPA EXPO“, што се одржува во Софија за да се подобри промоцијата на македонскиот туристички производ на бугарскиот пазар и да се зголеми протокот на бугарски туристи во текот на целата година.
Покрај промоцијата на убавините на Македонија на штандот на саемот, од македонската Агенција за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), организираат активности за соработка и размена на искуства со чинителите на бугарскиот туристички пазар. Остварени се работни состаноци со македонскиот приватен сектор на кои се дискутирало за состојбите во туризмот и можностите за заедничка регионална промоција, соопшти АППТ.
Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Љупчо Јаневски се сретнал со бугарски тур-опертори, асоцијации и здруженија на региони и општини за меѓугранична туристичка соработка, а дополнително ја промовирал државата преку интервјуа за бугарски медиуми.
Според статистичките податоци, бугарските туристи најмногу патуваат во Југозападниот и Скопскиот регион, поточно Охрид и Скопје се најатрактивните дестинации во Македонија кои бугарските туристи ги посетуваат за време на одморите, иако преферираат и екскурзии во винскиот регион, како и посета на културни знаменитости, традиционални манифестации, спортски настани и бизнис патувања.
Во изминативе пет години регистрирано е постојано зголемување на бугарски туристи, а во периодот јануари – декември 2017 година, споредбено со истиот период 2016 година, бројот на бугарски туристи е зголемен за 24 отсто, додека ноќевањата бележат раст за 25 проценти за истиот период.
Првиот ден од 35. Издание на интернационалниот саем за туризам „HOLIDAY&SPA EXPO“ во Софија, е отворен само за професионалци во туристичката индустрија на кои им се овозможува удобна работна средина со цел подобро вмрежување со тековните партнери и запознавање на нови. Секоја година саемот е домаќин на повеќе од 350 изложувачи и над 20.000 професионалци од туристичката индустрија – учесници, посетители и гости.
Ново на Сител
-

Николоски: Решение за македонските превозници ќе има, проблемот е високо на агендата на Брисел
-

Јаневска: Со новиот Закон за високо образование ние го подобруваме квалитетот на образованието
-

Трамп изјави дека е „срамна“ одлуката на Врховниот суд да ги поништи царините
-

Паднато дрво кај Католичка – затворена улицата „Костурски Херои“
-

Поднесено обвинение за палењето на „Вјесник“
-

По дојава од ФБИ за закана за масовно убиство на Discord, уапсени две лица со арсенал оружје во Мала Речица
-

Кривична пријава против поранешна директорка на Клиничка болница Битола
-

Шест лица под истрага за запленетата марихуана во Србија
