-->
-->
Македонската таеквондо репрезентација на прием во Агенцијата за млади и спорт
-->
Денеска во просториите на Агенцијата за млади и спорт беа претставници на македонската таеквондо репрезентација, кои на неодамна завршеното Балканско првенство во Дупница, Бугарија го направија еден од најголемите успеси на македонското таеквондо со освојувањето на вкупно 13 медали од Балканско првенство, од кои и првиот златен медал во сениорска конкуренција.
Со овој настап и резултат повеќе од сигурно се подигна нивото на македонското таеквондо, затоа што е запишано на листата на земји кои освоиле Балкански сениорски медали. Марко Стевиќ стана балкански шампион во категоријата -87 килограми, додека Костадин Георгиевски стигна до бронзениот медал. Златни медали освоија Дејан Георгиевски во јунирска конкренција, Филип Додевски јуниор и Дебора Брнчаревиќ – пионери. Сребрен медал освои Филип Стаменов во кадетска, а со бронзени медали се закитија: Сара Раевска, Ива Сандева, Ања Русовска, Фросина Раевска, Ненад Мрцковски, Јована Јанковска и Марко Аврамовски.
Резултатите на нашите натпреварувачи покажуваат и докажуваат дека таеквондото во нашата земја е во голем подем и допрва ќе очекуваме уште поголеми резултати на меѓународната спортска сцена, од страна на нашите репрезентативци.
-Овие резултати се ветувачки и јас искрено очекувам и добри настапи и на престојните Европски и Светски првенства во кадетска и јуниорска конкуренција.
Агенцијата за млади и спорт во континуитет дава поддршка на Таеквондо федерацијата на Македонија, а годинава за меѓународната програма, односно за настапите на нашите репрезентативци на меѓународните натпреварувања и за стручната работа на тренерите се доделени вкупно 750.000 денари. Дополнително, за реализација на проектот “Таеквондо за секого” и годинава обезбедивме 40.000 денари.
Ја користам оваа прилика уште еднаш да им честитам на репрезентативците за големиот успех и им порачувам да продолжат со вакви настапи и да ја радуваат македонската спортска јавност, изјави директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески.
Следува големиот Г-1 турнир во Белград, кој според бројот и квалитетот на учесниците ќе има тежина на мундијалски настан, и истовремено ќе биде последна проверка за настап на нашите претставници за претстојниот светски јуниорски таеквандо собир најавен за Ноември во Канада.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Усик се откажа од сите шампионски појаси, но не ја завршува кариерата
-

Трамп најави американски одговор по иранскиот напад врз трговски брод, американската војска потврди напади врз Иран
-

Зеленски: Украина е подготвена за преговори, но Русија мора да го направи првиот чекор кон мирот
-

Завршија општите претреси на предлог-законите од 106. седница, гласањето ќе биде дополнително закажано
-

Сончево и топло, до 38 степени
-

Прекин на сообраќајот на патот Прилеп–Градско кај Ореовец поради превртено товарно возило
-

„Мерцедес“ ги крати трошоците поради неконкурентност, „Фолксваген“ пред затворање фабрики и укинување 100.000 работни места
-

Два активни пожари на отворен простор во Василево и Прилеп, пет изгаснати
