Спорт плус
21. October 2023 - 22:06

Македонската Кик Бокс Федерација со 17 злата, 25 сребра и 23 бронзени медали на Балканскиот куп во БиХ

Македонската Кик бокс Маи Таи федерација од интернационалниот Балкански куп натпревар се враќа со 19 злата, 25 сребра и 23 бронзени медали.

Претседателот на нашата, а воедно и на Балканската федерација Дејан Митровски Урко го отвори првенството.

На првенството учествуваа 12 земји со 492 натпреварувачи, со 635 пријави.

-Јас, како претседател, сум задоволен од целокупниот пласман на нашата репрезентација. Нашата репрезентација зема пехар за најуспешни на борбите на ринг, кажа Дејан Митровски Урко.