Македонската кибербезбедност петта најранлива во Европа

Глобалната кибербезбедност е под зголемена закана. Бројот на слабости на виртуелните облаци низ светот, односно потенцијалните слаби точки во системите – се зголеми за над двојно за само четири години – од 1.700 на 3.900, според истражувањето на „Ај-би-ем“ (IBM). Проучувањето е спроведено меѓу 2019. и 2023 година со следење различни облак-услуги низ светот.
Балканот е, се чини, „критичниот дел“ на кибербезбедноста на Европа, според новото истражување на компанијата за безбеднот на облак-услугите – „Клаудл“. Најзагрозени точки се Босна и Херцеговина (со рејтинг на опасности од 71 отсто), Србија (69 отсто) и Албанија (67 отсто), пишува „Евроњуз“ (Euronews).
-Ранливостите откриени во земји како Босна и Херцеговина и Србија ги истакнуваат критичните празнини во инфраструктурата за кибербезбедност, коишто бараат итно внимание, нагласи извршниот директор и основач на „Клаудл“, Акаш Махајан. – Мораме да му дадеме приоритет на обуката за кибербезбедноста и да спроведеме силни мерки за заштита на податоците бидејќи продолжуваме сè повеќе да се потпираме на облак-технологиите. Ова вклучува редовни безбедносни контроли, програми за обука на вработени лица и усвојување напредни технологии за шифрирање, додаде тој.
За кибербезбедноста на Обединетото Кралство (64 отсто) се истакнати вкупните опасности поради големиот број проценети пробивања на облак-услугите – над една милијарда изминатите две десетлетија.
Македонската кибербезбедност е на незавидното 5. место, заедно со ирската, холандската и летонската – сите со рејтинг на ризик од 53 отсто. Следи италијанскиот систем безбедност (51 отсто), со околу 800 милиони пробивања. Полска е на 10. место со рејтинг на опасност од 49 отсто.
Ново на Сител
-

Кина: Постигнат е напредок во трговските преговори со САД
-

Мицкоски за законот за игри на среќа: Се става ред и дисциплина во игрите на среќа
-

Претседателката Сиљановска-Давкова ја посети Македонската православна црква во Љубљана
-

Мицкоски: Пуштен е во употреба новиот градски пазар во Општина Виница
-

Четири медитерански земји предупредуваат на ризик од нова миграциска криза
-

Мицкоски: Со вчерашната одлука на Владата како држава повторно сме со најниски цени на бензините и на дизел горивата
-

19-годишник уапсен за убиство кај Сарај, татко му го пријавил во полиција
-

Авион на Квантас бил пренасочен откако патник каснал член на екипажот
