Македонската филхармонија гостува во Њујорк

Македонската филхармонија првпат во 71 година постоење ќе настапи во Њујорк. Нејзиниот камерен оркестар денеска и утре во две престижни сали во светската престолнина ќе одржи концерти со класична и популарна музика, на кои како солисти ќе настапат Дуке Бојаџиев и Исмаил Лумановски.
Првиот концерт е вечер во музичкиот центар „Кауфман“ каде под диригентство на Борјан Цанев ќе настапи кларинетистот Лумановски. Тој потекнува од Македонија и живее во Њујорк каде што има забележителна кариера. Програмата е составена од дела на Бела Барток, Хасан Тура и од македонскиот композитор Гоце Коларовски.
Вториот концерт е утре (8 октомври) во престижниот Карнеги хол, каде ќе биде репризиран концертниот проект „Сон. Верба. Љубов“ кој во февруари годинава Филхармонијата го изведе во Македонската опера и балет со нашиот истакнат композитор со њујоршка адреса, Дуке Бојаџиев. Гости на неговиот концерт во Њујорк ќе бидат Каролина Гочева, Александар Петров и Васко Дуковски.
Гостувањето на Филхармонијата во Њујорк е поддржано од Министерството за култура. Министерката Елизабета Канческа-Милевска на прес-конференција истакна дека настанот е од особена важност за афирмација на македонското современо творештво зашто се работи за светски сцени на кои редовно концертираат најголемите музички имиња на денешницата.
Директорката на Филхармонијата Маја Чанаќевиќ на прес-конференцијата во Скопје рече дека гостувањето е остварување на голем сон и дека интересот за концертите е голем и речиси сите билети се поделени. - Одлучивме влезот за концертите да биде слободен за што поголема публика да има можност да види што има Македонија како музичко творештво и како музичко културно наследство, рече Чанаќевиќ.
По концертите на Филхармонијата, македонската култура во Њујорк оваа седмица ќе биде презентирана уште со два настана во Македонскиот културен центар. Ќе биде отворена изложба на уметниците Ацо Таневски и Ивана Пирковска и промовирано аудиоиздание со традиционални македонски изворни песни во издание на американскиот „Смитсонијан музеј“.
Ново на Сител
-

СЗО: Бројот на случаи со хантавирус во светот намален на 10
-

Вардар е нов шампион на Македонија - 12-та титула за нашиот најтрофеен клуб
-

Кремљ соопшти дека се завршени подготовките за претстојната посета на Путин на Кина
-

Уапсен 26-годишен скопјанец кој се обидел да изнуди 8.000 евра од 61-годишник
-

Жена се породила во двор во Конче, новороденчето без знаци на живот донесено во болницата во Штип
-

Приведен 19-годишник кој крадел алкохол од маркет
-

Прегазена 92-годишна жена во Скопје
-

Кривична за маж од гостиварско за демнење на 15-годишно девојче
