Македонската армија доверлив партнер на НАТО
Армија која дејствува согласно стандардите на НАТО, чии војници рамо до рамо со војниците на земјите-членки на Алијансата учествуваат во мировни мисии и даваат свој придонес во зачувување на глобалниот мир и безбедност и пред земјата официјално да биде дел од најголемиот воено-политички сојуз во светот е оценка за дејствување на АРМ, која ја дадоа високите државни и воени претставници на централниот настан на одбележувањето на 18 август - Денот на АРМ.
Реформите во АРМ се засилија изминатата година. Една од првите мерки кои беа воведени е зголемувањето на платите на вработените за десет отсто. Тука е и зголемување на буџетот за одбраната за 15 проценти. Лани тој падна на 0,9 отсто, оваа година со зголемувањето се врати на еден отсто, а според новиот СОП секоја година е преземена обврската да се зоглемува за 0,2 отсто, во период од пет години, додека не дојде до два отсто од БДП што е стандард за земјите членки на НАТО. Предвидено е модернизирање на воените сили, набавка на нова опрема, но и на нови униформи и чизми за сите припадници на АРМ.
- Го вративме фокусот на клучните реформи во одбраната и членството во НАТО со исполнување на Стратешкиот одбранбен преглед и Стратегијата за одбрана. Со ова покажавме дека Република Македонија знае што сака и каде сака да оди со што постигнавме една од стратешките цели, а тоа е покана за членство во НАТО и почеток на процесот за пристапување во ЕУ. Што е одраз на силната консензуална определба и амбиција која трае повеќе од 20 години, но потребни се резултати, конкретни и видливи, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска, на вчерашната прослава на Денот на АРМ.
АРМ вчера доби нов началник на Генералштабот. На вчерашната централна церемонија беше извршено примопредавање на должноста од досегашниот началник, генерал потполковник Методија Величковски на генерал-мајорот Васко Ѓурчиновски.
Претседателот на РМ и Врховен командант на АРМ вчера истакна дека АРМ во изминативе години исполнувала големи задачи и во услови кои од година во година станувале се посложени и поризични.
- Армијата е неутрален чувар на територијалниот интегритет и независноста на земјата. Таа ја штити границата, сувереноста, безбедноста и унитарноста на Република Македонија. Армијата им помагаше на своите граѓани во справување со природните непогоди, а учествува и континуирано во мировните мисии ширум светот, рече Иванов.
Според него, македонскиот придонес не е симболичен, туку стуштински. Иако, Македонија се уште не е во НАТО, Армијата на РМ де факто е во НАТО и затоа земјава не скршнува од зацртаниот евроатлански пат.
Во СОП, кој беше донесен минатиот месец се содржани сите нови предизвици со кои се соочуваат одбранбените сили глобално и во него е предвидено високо ниво на модернизација и оптимизирање на ресурсите во одбраната.
Првата цел на СОП е создавање модерна и флексибилна армија, која ќе ја гарантира сувереноста, стабилноста и интегритетот на РМ. Предвидено е транформирање и модернизирање на АРМ, како и подобрување на нејзините оперативни способности. Целите на модернизацијата ќе бидат исполнети во рамки на „Концептот за идните вооружени сили 2028.“
Предвидена е промена на структурата на АРМ, организацијата е дизајнирана со консолидиран број команди и штабови со многу јасни дефинирани нивоа на одговорност - стратешко, оперативно и тактичко, со делегирани одговорности на соодветно ниво наместо досегашната централизација, оптимална големина и целосна пополнетост на единците.
Од септември е планирано да се организира курс за подофицери, кој не бил реализиран од 2009 година.
Планирано е придонесот на АРМ во меѓународните операции да продолжи, а декларираните единици во составот на АРМ, кои се подготвуваат за употреба во рамки на мисии раководени од НАТО, ЕУ, ОН ќе бидат во фокусот на процесот на модернизација.
Македонија од 2002 година почна да учествува во меѓународни мировни мисии, во Авганистан во 2002 година, Ирак во 2003 година, во мисијата на ЕУ во Босна и Херцеговина во 2006 година и мисијата на ОН во Либан.
Американската 7. команда за обука на воените сили даде сертификат воениот полигон Криволак да може да го користат и нивните воздухопловни сили.
На Криволак од 1. до 20 август обука реализираат единиците од копнените сили на САД за Европа, односно од 3. сквадрон, 61. коњанички полк, 1. бригада, 4. пешадиска дивизија, (3-61 коњанички полк) од форт Карсон, Колорадо и 3. батаљон, 126 авијациски полк, од Армиската национална гарда стационирана во Бостон и Масечусетс.
Најавена е поголема искористеност на полигонот не само од македонската војска, туку и од сојузниците на земјата, што ќе донесе и економски бенефит.
- Воениот полигон Криволак е типичен пример за тоа дека РМ не очекува само да стане земја членка на НАТО, да ги користи придобивките на членството, туку дека како држава има што да понуди на сојузниците, порача Шекеринска на денот на високите гости на Криволак за време на посетата на обуката на американските копнени сили во САД.
Шекеринска информираше дека во изминатиот период е инвестирано во капацитетите на Криволак и нивното сертифицирање.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија
-
Фрчковски злоупотребил стотици илјади евра буџетски пари
-
Мицкоски: Повеќе отстапки нема да правиме
-
Наместо обвинувања, партиите да понудат решенија за поткрепа на судството
-
Гаши не открива кога Законот за интонирање на химната во училиштата ќе се најде на пленарна седница
-
Од утре ,,Новогодишна кошничка''
-
Граѓаните се надеваат, но не очекуваат намалени цени
-
Во Нефрологија годишно се прават 16.000 хемодијализи