Македонската амбасада во Израел: Евакуација преку воздушен пат засега е невозможна

Амбасадата на Северна Македонија во Израел денеска соопшти дека воздушниот простор на Израел како и аеродромот, се затворени и дека планот за евакуација на странски државјани преку аеродромот Тел Авив засега не е возможен.
Има најава за отворање на аеродромот, денес 22 јуни, од 14:00 часот, се наведува во информацијата што Амбасадата ја објави на Фејсбук.
-Од Министерството за туризам на Израел сме информирани дека функционира морска рута од Ашдод до Лимасол (Кипар) (компанијата "Mano Shipping"). Следниот брод со слободни места "Crown Iris" планирано да отпловува од Ашдод на 27 јуни (петок). Можете да купите карти директно од веб страната на компанијата. Македонските државјани кои немаат никаков валиден пасош, молиме да се обратат до Амбасадата за добивање на Патен лист, информираат од Амбасадата.
Во објавата се посочува и информација од Министерството за туризам на Израел во врска со патувањето со брод.
Ново на Сител
-

Спорни тендери во кочански „Водовод“
-

Од живо од скопско Таор: Четворица приведени за убиството на 48 годишна жена
-

Сали: ВРЕДИ ќе раководи со 6 ресори по реконструкцијата
-

Пратениците одлучуваат од кога кај матичен лекар ќе се изјаснуваме за донирање на органите по смртта
-

Топлотен бран ја зафати Македонија
-

СДСМ: Загрозен е вториот пензиски столб, ВМРО-ДПМНЕ: Лагите ги повторуваат како папагали
-

80 години од почетокот на граѓанската војна во Грција
-

Уметници творат во Вевчани
