Македонска вечер во Музичкиот центар „Борис Христов" во Софија
Баритонот Ристе Велков и поетот Томе Велков вчера настапија на „Македонската вечер" во Музичкиот центар „Борис Христов" во Софија.
Во музичкиот дел од вечерта беа исполнети композиции од македонските автори Прокопиев, Скаловски, Фирфов, традиционалната Т'рба,Т'рби Гевгелиска и неколку популарни неаполитански песни, а беа читани и стихови од стихозбирката „Чудно време" од авторот Томе Велков.
Во ликовниот дел од вечерта беше претставена изложбата „Порти" од ликовниот уметник Марјан Ѕин. Настанот го отворија директорот на Културно-информативниот центар во Софија Васко Шутаров и директорката на Музичкиот центар, Елена Драгостинова.
„Македонската вечер" во Софија беше реализирана во соработка помеѓу КИЦ на Р. Македонија во Софија и Музичкиот центар „Борис Христов" кои во изминатите неколку години заеднички имаат реализирано десетина музички настани на кои беа претставени познати македонски музички уметници.
Ново на Сител
-
61% од учениците жртви на психичко насилство, 30% не се чувствуваат безбедно во училиштата
-
Иновативниот пристап препознат кај водичите
-
Експлозија на Косово: Курти ја обвинува Србија, Белград говори за намерна диверзија
-
Преглед на вестите од светот
-
Вооружен грабеж во продавница на Градски стадион - уапсени две лица
-
Мерки притвор
-
Хаос и караници на вонредната седница на советот на Град Скопје
-
Тема на денот со Борче Треновски