Македонска делегација на „Global InsurTech“ роудшоу
Во Франкфурт, Германија, днеска и утре ќе се одржи второто „Global InsurTech Roadshow”, во организација на TechQuartier, познат дигитален центар и Goethe Business School.
Како што соопштија од Агенцијата за супервизија на осигурување, настанот е поддржан од Европскиот регулатор за осигурување и пензии (EIOPA), целта е да се согледаат најновите предизвици во делот на дигитализацијата на осигурувањето.
Делегација на Агенцијата за супервизија на осигурувањето од нашата земја активно ќе учествува на форумот при тоа претседателот на Советот на експерти, Климе Попоски ќе биде дел од панелот за регулаторните предизвици во кој ќе уствува и извршниот директор за осигурување при Федералниот авторитет за финансиска супервизија на Германија Франк Грунд и генералниот директор на Израелскиот регулатор за пазар на капитал, осигурување и штедење Моше Барекет.
Дигитализацијата претставува „четврта индустриска револуција”, која брзо ги трансформира општествата и економиите. Брзината и обемот на промените се без преседан. Дигитализацијата има потенцијал силно да влијае врз речиси секоја индустрија, во секоја земја, вклучувајќи ја и осигурителната индустрија. Брзи промени се случуваат низ сите процеси на синџирот на вредности на бизнис моделот на осигурување: од дизајн на продукти, преземање на ризици и одредување цени на производите, нивниот маркетинг и дистрибуција до обработката на штети и управување на односите со клиентите, наведуваат од Агенцијата за супервизија на осигурување.
Ново на Сител
-
Македонските одбојкари поразени од Грција
-
Путин и Трамп телефонски разговараа за израелско-иранскиот судир и Украина
-
Индија зaпочнa вoнредна инспекција на сите Бoинг 787 по смртoнoснатa aвионскa несреќa
-
Израелски дрон предизвика пожар на најголемото гасно поле во Иран
-
Синер: По загубениот трофеј на Ролан Гарос, ги посетив моите родители и играв пинг-понг со пријателите
-
Голем пожар во Дубаи: Гореше небодер со 67 ката, евакуирани речиси 4.000 луѓе
-
Најавени масовни протести против Трамп во неколку градови во САД
-
Двајца повредени македонски државјани во сообраќајна несреќа во Албанија