Maкедонија за првпат ангажира воздухоплов за гасење пожар надвор од територијата на државата

По барање на Република Косово, Република Северна Македонија за првпат ангажира државни ресурси надвор од својата територија, во рамки на меѓудржавна помош за справување со пожар. Хеликоптер на Министерството за внатрешни работи во моментов интервенира од воздух во реонот на Хани и Елезит, давајќи поддршка на екипите кои се борат со огнената стихија, информира директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али.
- По приемот на барањето, како директор на Центарот за управување со кризи, бев во директна и континуирана координација со сите надлежни институции, заедно со Стојанче Ангелов, раководител на Главниот штаб, со цел навремено активирање на нашите капацитети и обезбедување помош за справување со големиот пожар што ја зафати нашата соседна држава. Ова не е само интервенција за гаснење пожар. Ова е историски момент и потврда на нашата подготвеност да им помогнеме на нашите соседи, но и пошироко, секогаш кога тоа е најпотребно, порача Али.По барање на Република Косово, Република Северна Македонија за првпат ангажира државни ресурси надвор од својата територија, во рамки на меѓудржавна помош за справување со пожар. Хеликоптер на Министерството за внатрешни работи во моментов интервенира од воздух во реонот на Хани и Елезит, давајќи поддршка на екипите кои се борат со огнената стихија, информира директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Мухамед Али.
МИА
Ново на Сител
-

Одобренија за нови 1030 станови, половина во Скопје
-

Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, министерка за финансии
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

Прв конгрес на Српската демократска лига
-

Доживотен затвор за серискиот убиец од кумановско
-

Владата пресмета колку пари месечно му требаат на четиричлено семејство
-

2,1 милион евра за изведувачите за прославата за независноста - индивидуалните хонорари тајна
-

Бугарија е против квалификувано мнозинство во ЕУ
