Македонија во жолта алертна фаза, сончево и топло време

Времето денеска ќе биде сончево и малку потопло со мала локална облачност. Попладне, особено во западните подрачја ќе има појава на умерена облачност а во доцните попладневни часови не е исклучена изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи сосема на северозапад. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Утринската температура во земјава ќе биде во интервалот од 12 до 20, а највисоката дневна 32 до 39 степени.
УВ индексот ќе има особено висока вредност 9.
Во Охридско-Преспанскиот регион температирата на воздухот ќе достигне до 33 степена,
а во Дојранскиот регион до 38 степени.
Во скопското подрачје ќе биде сончево и топло со мала облачност. Во попладневните часови ќе има зголемена облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до 20, а највисоката дневна ќе достигне до 38 степени.
ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ:
Продолжува периодот на стабилно и многу топло време. Особено топло ќе биде на почетокот на следната недела кога на места дневната температура ќе надмине и 40 степени. Потоа ќе продолжи многу топлото време но температурите ќе се за степен до два пониски. Во вторник и во среда повремено ќе има зголемена облачност и ќе дува претежно југоисточен ветер.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Ѓоко Велковски, заменик министер на МСПДМ
-

Преглед на вестите од светот
-

Филипче цврсто против гласање на дијаспората - Мицкоски: СДСМ бара алиби за изборните порази
-

Меѓувладини конференции во Брисел за Црна Гора и Албанија, Македонија изостанува на Европскиот календар
-

Маркетите кои ги зголемиле профитните маржи - ќе бидат предупредени да ги намалат
-

Продолжуваат инвестициите во Охрид
-

Зголемен број на колапси поради топлото - дневно Брза помош има и по 10-тина вакви интервенции
-

ЦЈЗ Прилеп: Не се точни шпекулациите дека е зголемен бројот инфицирани со ХИВ за 50-тина лица
