Македонија во јуни ја посетиле 102.327 туристи
Во јуни годинава Македонија ја посетиле 102.327 туристи кои оствариле 243.175 ноќевања што е за 20,7 отсто повеќе туристи во споредба со истиот месец лани и за 23,4 отсто повеќе ноќевања.
Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на домашните туристи во јуни 2018 година, во однос на јуни 2017 година, е зголемен за 15,9 отсто, а бројот на странските туристи пораснал за 22,4 отсто. Бројот, пак, на ноќевањата на домашните туристи пораснал за 11,4 отсто, а на странските за 29,5 отсто.
Во првите шест месеци од годинава бројот на туристите е зголемен за 16,4 отсто во споредба со истиот период од минатата година при што кај домашните туристи има зголемување за 9,3 отсто, а кај странските за 19,8 отсто. Во истиот период бројот на ноќевањата е зголемен за 16 отсто и тоа кај домашните туристи зголемувањето е за 6,6 отсто, а кај странските за 21,9 отсто.
Ново на Сител
-
Шефицата на Европската дипломатија Каја Калас во петок во Скопје
-
Македонија домаќин на 2200 војници од НАТО вежбата „Брз одговор 2025“
-
Форум: Мали држави - Големо влијание
-
Арсовска „фати“ дивоградба во Чаир
-
ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да не крие информации за златната виза
-
Преглед на вестите од светот
-
Лицата на приматели на семејна пензија можат да работат
-
Тема на денот со Илија Димовски