-->
-->
Македонија во група со Украина, Швајцарија и Унгарија
-->
Одбојкарската селекција на Македонија ги доби ривалите од групата Ф во квалификациите за ЕП 2019 година. Нашата селекција ќе има можност повторно да игра против Укарина, која во годинашново издание беше поуспешна во финалето од Европската лига. Покрај Украина противници се уште Швајцарија и Унгарија. Ќе бидат одиграни шест кола (дома-гости). Натпреварите од квалификациите ќе се играат во два циклуса (1-4.коло од 15 до 26.август 2018 година и 5-6.коло 5-9.јануари 2019).
Во квалификациите ќе играат 26 репрезентации поделени во седум групи (2 х 3 селекции и 5 х 4 селекции). Пласман на ЕП ќе изборат првопласираните селекции и пет од седумте второпласирани, со тоа што резултатите против четвртопласираните селекции ќе бидат избришани.
Директен пласман на шампионатот имаат изборено четири селекции кои се ко-домаќини (Франција, Словенија, Белгија и Холандија), како и осум според рејтингот (Русија, Германија, Србија, Италија, Бугарија, Чешка, Полска и Турција).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Заврши изградбата на пречистелната станица во Дојран
-
За продолжениот викенд Охрид исполнет со гости
-
Почна МТФ „Војдан Чернодрински“ - Коневски-Руси, Тодоровски и Михајлова наградени за животно дело
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Иван Ивановски, Support Kocani
-
Невреме со град во Скопје и низ Македонија
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград