-->
-->
Македонија во група со Грција, Турција и Исланд
-->
Машката ракометна репрезентација за пласман на ЕП 2020 година што ќе се одржи во Шведска, Австрија и во Норвешка ќе биде во група со Грција, Турција и со Исланд.
Овие четири селекции се дел од групата 3 што беше извлечена во Трондхајм.
Шампионатот ќе се игра од 10 до 26 јануари 2020 година, додека квалификациите на кои ќе настапат 32 репрезентации (првпат) стартуваат во октомври 2018.
Според распоредот Македонија во првото коло игра дома со Турција, потоа гостува на Грција, па следуваат двата дуела со Исланд (3-4.коло), во 5.коло Македонија гостува на Турција, а во последното е домаќин на Грција.
Квалификациите завршуваат во јуни 2019 година.
Пласман на ЕП ќе изборат двете првопласирани селекции од секоја група, како и четири најдобро пласирани трети во групата.
Македонија на ждребот беше во улога на прв носител за едно со Германија, Хрватска, Словенија, Белорусија, Унгарија, Франција и Данска.
Пласман на ЕП 2020 година имаат обезбедено три земји домаќини (Норвешка, Шведска и Австрија), како и европскиот првак Шпанија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Од септември во образовниот процес ќе бидат вклучени и децата со онколошки заболувања
-
Во тек е постапката за убиството со стаклено шише во Психијатриската болница во Бардовци
-
Буково го труе Охрид и во лето
-
Преглед на вестите од светот
-
Убиство во психијатриската болница Бардовци
-
Тема на денот со Благојче Атанасоски
-
Матурантите постигнаа подобар успех од лани
-
Детали за акцијата на МВР