-->
-->
Македонија У-18 години: Минимален пораз од Словачка
-->

Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 18 години беше минимално поразена од Словачка во првиот од двата контролни натпревраи кои се играат во Скопје.
На средбата одиграна на тренинг центарот „Петар Милошевски” избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ загубија од врсниците од Словачка со 1-0.
Првото полувреме мина со отворена игра и неколку добри ситуации пред двата гола, меѓутоа реализацијата изостана. Најзрелата можност за црвено-жолтите ја имаше Кристијан Трапановски во последните минути од првото полувреме.
Во продолжението од средбата репрезентацијата на Словачка постигна погодок кој беше одлучувачки на овој натпревар. Стрелецот на голот беше Доминик Гулаж. И во вториот дел репрезентацијата предводена од Вујадин Станојковиќ имаше свои шанси, но истите не беа искористени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Приведен возачот кој усмрти пешак синоќа во Марино
-

Русија и Украина меѓусебно напаѓаат енергетски објекти, стотици илјади потрошувачи без струја
-

Мицкоски: Работиме деноноќно, но има поединци кои не го даваат својот максимум, ако не се коригираат ќе бидат сменети
-

Изминатите два дена 1177 сообраќајни прекршоци, приведени 25 лица за безобѕирно управување на возило
-

Пентагон подготвува испраќање 3.000 падобранци на Блискиот Исток
-

Утрово најстудено на Попова Шапка и во Берово
-

Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“, повикани тројца сведоци од Општина Кочани
-

Краделе кабли во „Железара“ и оштетиле електричен кабел вреден 800.000 денари
