Македонија тема на Комисијата за надворешна политика при Бундестагот
Комисијата за надворешна политика на германскиот парламент на својата редовна 70. сесија закажана за утре ќе распарава за Македонија, потврдуваат за МИА од секретаријатот на Бундестагот.
На затворената за јавност сесија закажана за 9 часот за актуелната состојба во Македонија ќе се расправа во третата точка.
Предходно членовите на Комисијата за надворешни работи ќе расправаат по точките за состојбата во Африка и германско - турските однноси, а по Македонија ќе се расправа и за Русија, Косово, Либан и друи теми.
Вообичаено комисијата расправа откако претставници на Министерството за надворешни работи ќе презентираат информации за состојбите по точките на дневен ред.
Последна расправа за Македонија во Бундестагот се случи во Март минатата година кога комисијата расправаше по информација подготвена од тогашниот специјален пратеник за Македонија Ернст Рајхел. Сесиите на Комисијата за надворешни работи се одвиваат без присуство на јавноста.
Ново на Сител
-
Протести во Струмица поради загаден воздух
-
Бизнисот и унгарскиот кредит
-
Во Охрид засилено се гради
-
Преглед на вестите од светот
-
Во Македонија над 140 луѓе годишно гинат во сообраќајки: Кога ќе профункционира Сејф сити?
-
Протестите со поддршка и од премиерот
-
Протест за смртта на Фросина и во Неготино
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО - ДПМНЕ