Македонија станува атрактивна за француските туристи
Македонија е на мапата на се поголем број европски туристи. Лани, особен раст имало на посетите од Франција, односно 7603 пристигнувања што е за 41,4% повеќе од годината пред тоа.
Според Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ова е европски пазар кој постигнал најсилен напредок, а со двоцифренуи стапки растел и бројот на туристи од Холандија (+23,4%), Англија (+15,7%), Германија (+14,4%) и Белгија (+14,6%).
Просечното времетраење на престојот изнесувал 2,2 ноќевања во просек, што отсега ги позиционира француските туристи пред нивните соседи Германци, Англичани и Италијанци (но зад Холанѓаните и Белгијците).
Александар Ѓоргиев, портпарол на владата
За растечкиот интерес на француските туристи за Македонија пишува и порталот Тур Ебдо кој вели дека Франција е нов пазар со многу силен потенцијал за дестинацијата и покрај мигрантската криза.
Во 2015, бројот на меѓународни пристигнувања во Македонија се зголемил за 14,2%, на 486 000, а биле евидентирани над милион комерцијални ноќевања.
-

Филип Момировски
Сите содржини од овој новинар
