Македонија со шест таеквондисти на Европското првенство во Талин
Естонската престолнина Талин од утре до 5 мај ќе биде домаќин на Европското таеквондо ИТФ првенство на кое настапат шест македонски натпреварувачи.
Боите на Македонија ќе ги бранат Христијана Парулеска – јуниорки 16-17 години во форми црн појас 1 дан и борби-58 кг, Давид Крстески – јуниори 16-17 години во форми црн појас 1 дан и борби-63 кг, Божидар Димитриевиќ – сениори 18-35 години во форми црн појас 1 дан и борби-85 кг, Миа Танеска – кадетки 11-13 години во форми за црвен појас и борби +55 кг, Марио Крстески – сениори 18-35 години во спаринг борби-58 кг и Владимир Димитриевиќ – јуниори 16-17 години во спаринг борби-69 кг.
По успешно завршените подготовки, македонската репрезентација пред заминувањето во Талин ја ја посети охридскиот градоначалник Кирил Пецаков, посакувајќи им успешен настап на Европското првенство.
„Сите учесници на репрезентацијата со посетата на градоначалникот Кирил Пецаков добија дополнителна мотивација за претставување на боите на нашата држава и изразија подготвеност да дадат сè од себе, за да можеме повторно да се гордееме со нив. Оваа посета ја пренесува важноста на поддршката за спортските тимови и мотивирањето на спортистите, особено кога станува збор за претставување на земјата на меѓународни натпревари“, изјави претседателот на Македонската Таеквондо федерација (МТТФ) Марјанчо Лазаревски.
Ново на Сител
-
Борко Ристовски најави драконски казни за Кожув и Башкими
-
Врховниот суд на САД ја одобри забраната на Трамп за трансродови лица во војската
-
Индија го нападна Пакистан
-
Одбележување на Денот на македонската полиција
-
ФФМ за скандалот во Гевгелија: Овој срам нема да остане неказнет
-
Мерц побара од администрацијата на Трамп да се држи понастрана од германската политика
-
Делови од Центар, Кисела Вода и Карпош денеска без струја
-
Денеска почнува конклавата за избор на нов папа