Македонија со најефтин бензин на Балканот - Еве колку чини литро бензин низ Европа
Најефтино гориво во регионот плаќаат возачите на Македонија и на БиХ, а најскапо Грција и Албанија, покажува прегледот на цените на бензините и дизел горивата кој ја има објавено авто мото сојузот на БиХ. Според таблицата споредените цени на горивата во 33 европски земји, во Македонија за литар еуросупер 95 се наплаќа 1.01 евро, евросупер 98 изнаеува 1.04 евра, а за цената на дизел горивото е 80 центи. Во БиХ литар евросупер 95 се продава по цена од едно евро, додека литар евро дизел изнесува 98 центи.
За истото гориво во Грција треба да издвоите 1.66 евра односно 1.25 евра. Во Црна Гора споменатите три врсти на горво по ист редослед литар гориво се точи за 1.08 евра, 1.12 евра, 99 центи по литар. Во Унгарија литар евро супер 95 чини 1,11 евра, а евро дизел 1,12 евра. Во Србија за литар евросупер 95 потребно е во просек да издвоите 1,14 евра за литар, за евросупер 98 1,18 евра за литар а за литар евродизел 1,15 евра. Спрема истата таблица во Хрватска цена за литер безоловен евросупер 95 е 1,2 евра, а евросупер 98 1,28 евра, додека литар евродизел е 1,12. Според АМСБиХ, цените во Хрватска и во Словенија се исти. Во Европа најскапото гориво го плаќаат Британците и Италјанците кои плаќаат евро супер 95 за 1,54 евра, а за евросупер 98 дури и 1,68 евра Британците 1,6 евра. Најефтиното гориво се плаќа во Русија. Таму за литар евросупер 95 чини 54 центи а евро дизел е 51 цент.
Ново на Сител
-
Израелската армија изврши најмалку осум воздушни напади врз Бејрут
-
Украина загрижена поради наводите дека Северна Кореја и со војници ќе ја поддржи Русија
-
АХВ: Потврден птичји грип кај угината гуска, убиени 24 патки, 6 гуски, 5 кокошки и една чавка кои биле во зоолошката
-
Силен земјотрес ја погоди Грција
-
Прилеп ќе ги награди пожарникарите со 900 000 денари за пожртвуваноста за справување со големиот пожар во Мариово
-
Мицкоски: До средината на ноември субвенции од над милијарда и триста милиони денари за околу 20 000 земјоделци
-
За небаждарен тахограф на автобус изречена глоба од 3.000 евра за правното лице и 900 евра за одговорното лице
-
Галетановски: Смртоносна бактерија “птичји грип” е најдена во Зоолошка