-->
-->
Македонија со максимални три победи во Европската одбојкарска лига
-->
Македонската одбојкарска репрезентација вечерва во Скопје ја совлада Шведска со 3-1 и со максимални три победи го заврши првиот турнир од А-групата во Европската лига.
„Црвено-жолтите“ лошо го отворија натпреварот и го загубија првиот сет со 24:26, а потоа беа доминантни во следните три сета и ги решија во своја корист со 25:17, 25:18 и 25:18.
Македонија турнирот го заврши со само еден изгубен сет, оној првиот на вечерашниот меч.
Претходно во 3.коло Албанија го совлада Азербејџан со 3:1.
Табела: Македонија 6 бода, Албанија 5, Шведска 3 и Азербејџан 1.
Вториот турнир во оваа конкуренција ќе се по седум дена (23-25 јуни) во Тирана, Албанија, додека завршница е во Данска на 1 и 2 јули.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Европските лидери во Лондон бараат решение за крај на војната во Украина
-
Анализа: Ќе излезе ли Европа единствена по Лондонскиот самит за Украина?
-
Владата нема да ги плаќа придонесите за минималецот
-
Трибина: Како станавме увозно зависни за храна?
-
По 23 пат во Прилеп „Карневал Прочка“
-
Наместо месечно или парцијално државата годишно ќе го набавува лекот Tрикафта за Цистична фиброза
-
Фатени 15 рибокрадци само во месец јануари
-
Преглед на вестите од светот