-->
-->
Македонија првенствотo го почнува против Хрватска
-->

Женската јуниорска ракометна репрезентација на Македонија со вечерашниот натпревар против Хрватска ќе го почне настапот на Европското првенство што од денеска до 6.август ќе се игра во Словенија. Македонија е во групата Б и покрај денешниот дуел со Хрватска, утре играат против Русија од 17 часот, а во недела противник им е селекцијата на Норвешка (почеток 19 часот).
Нашите репрезентативки ги очекуваат три исклучително тешки натпревари. Првопласираните две селекции од групата ќе ги продолжат натпреварите во борба за медалите, додека останатите репрезентации ќе разигруваат за пласман од 9 до 16 место.
Македонија на ова Европско Првенство ќе ја претставуваат 17 ракометарки: Слободанка Кицеска, Сандра Митевска, Пена Граматова, Анастасија Николовска, Анастасија Милевска, Марија Гајиќ, Васка Глигоријадис, Сашка Филиповска, Леонида Гичевска, Ива Божиновска, Сара Стефановска, Ана Иванова, Марија Гугуљанова, Михаела Камчевска, Јована Владева, Ања Велкова и Сара Коларовска, а селектор е Борче Марковски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Прилепските бизнисмени: Санација на Прилеп-Градско преку Плетвар и измени на боледувањата и дел од царинскиот тарифник
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Бобан Милошески, Авалон продукција
-

Преглед на вестите од светот
-

Груби не се чувствува виновен за злоупотребата на 9,7 милиони евра во Лотарија
-

26-годишен скопјанец убиен на „Пластичарска“
-

Дали заладувањето го намали ризикот од западно-нилска треска?
-

Состојба со пожарите
