Македонија презентирана пред најгопемите тур оператори во Јапонија
Туристичкиот потенцијал со кој располага Македонија, видовите туризам и можностите за инвестирање во овој сектор беа презентирани пред повеќе од педесетина тур оператори од Јапонија.
Презентацијата ја организираа Македонската амбасада во Токио во соработка со Јапонската асоцијација на тур оператори и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
Двочасовната презентација на јапонски јазик ја одржа првиот резидентен амбасадор на Македонија во Токио, Андријана Цветковиќ, која говорејќи за туристичкиот потенцијал на Македонија ги повика јапонските тур оператори да ги искористат бенефициите и субвенциите шти им ги нуди македонската Влада на странските тур оператори и агенции.
- Република Македонија е нова и атрактивна дестинација за Јапонците. Субвенциите што Владата ги нуди за тур операторите беа прифатени од страна на јапонските агенции со голем ентузијазам. Голем дел од нив ја контактираа Амбасадата со намера да се информираат што повеќе за нашата труристичка понуда, а воедно и подготвуваат тури во Македонија. Амбасадата посветено работи на промоција на Република Македонија во Јапонија, при што се надеваме на значително зголемување на бројот на јапонски туристи за следната година, изјави амбасадорката Цветковиќ.
По предлог и номинација од страна на македонската Амбасада во Токио оваа година во конкуренција на 169 земји беше избран Охрид меѓу 30-те најубави места во Европа од страна на јапонските тур оператори.
Охрид ќе биде промовиран од страна на ЏАТА и на годинашниот туристички саем ЈАТА Tourism EXPO, кој е еден од најголемите саеми за туризам во светот. Саемот ќе трае од 24 до 27 септември и се очекува да биде посетен од над 150.000 посетители и над 40.000 тур оператори и туристички агенции. Со свој промотивен штанд ќе се претстави и Македонија со присуство на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.
По презентацијата за туризамот јапонските тур оператори имаа можност да ги пробаат и македонските вина од повеќе винарии.
Ново на Сител
-
Руте ја назначи Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО
-
УНИЦЕФ: Во последните два месеца во Либан се убиени над 200 деца, а 1.100 се повредени
-
За 51% помалку пари за чист воздух во Буџетот - Мицкоски ги остава граѓаните да се гушат
-
Опозициски пратеници и советници ја блокираа зградата на судот во Нови Сад
-
Јаневска: Наредната година 30 милиони евра за студентски стандард, ќе се решат лошите услови во Студентскиот дом „Пелагонија“
-
Старец загина во пожар во неговата куќа во Желино
-
Пронајдени 3.622 монети со археолошка вредност кај 32 годишен Албанец на Табановце
-
Индијана потпиша со Мозес Браун