-->
-->
Македонија по втор пат подобра од Швајцарија
-->
Македонската кошаркарска репрезентација вечерва во спортскиот комплекс „НБ Ноел“ во Негорски бањи ја победи Швајцарија со 65:52.
Ова е втора победа за Македонија во два дена на контролниот двомеч со швајцарската селекција.
Двата натпревара се дел од подготовките за настап во претквалификациите за пласман на Светското првенство 2027.
Репрезентацијата вечерва се враќа во Скопје, а по утрешниот слободен ден, во понеделник продолжуваат подготовките во СРЦ „Кале“. Во главниот град, македонските кошаркари ќе останат до среда, кога заминуваат за Куманово. Таму, во сабота, на 2 август ќе го играме првиот натпревар од претквалификациите, а противник ни е репрезентацијата на Романија.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Горан Ѓорѓиевски, претседател на ССК
-
Активности на македонската делегација во Њујорк
-
Предизборие: Критики за опонентот, пофалби за своите кандидати
-
За еден ден МВР приведе 5 лица за подметнување пожари
-
Речиси тројно е зголемен бројот на лица со деменција во Македонија
-
Премиерот бара повеќе кошници и контроли
-
Македонија до декември ќе ги исполни условите за роаминг како дома
-
Партиите со различни оценки за земјоделството