Македонија од денеска има пристап до 25 милиони евра од Светска банка
Министерството за финансии денеска информира дека Светска банка на Македонија и ги стави на располагање средствата од Проектот за подобрување на општински услуги 2.
- Ова значи дека Македонија од денеска има пристап до овие средства од Светска банка во висина од 25 милиони евра, кои се наменети за поддршка на капитални проекти во општините во државата, се вели во соопштението од Министерство за финансии.
Бордот на Светска банка користењето на овие средства, како што се наведува, првично ги услови со одржување на парламентарните избори, односно да ги стават на користење по завршување на изборите, сега ја сменија одлуката и средствата стануваат ефективни од денеска.
Министерството за финансии наведува дека во најбрзо можно време ќе објави јавен повик до општините за аплицирање за овие средства.
- Преку првиот Проект за подобрување на општински услуги МСИП 1 успешно се финансирани 70 проекти во 54 општини, во рамки на кои беа изградени училишта, градинки, локални улици, водоводи, канализации и други капитални проекти за подобрување на животот во македонските општини, информираат од Министерството за финансии.
Ново на Сител
-
Македонија ќе ги укине царините кон САД
-
Калас од Скопје: Се уште се надеваме дека планот „А“ ќе успее, но се разгледуваат и други механизми
-
Куќен притвор за поранешните директори на Онкологија
-
Тема на денот со Бојан Стојаноски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
7 специјализанти добија решенија во охридската болница
-
Калас од Скопје: Се уште се надеваме дека планот „А“ ќе успее, но се разгледуваат и други механизми
-
Софија бара ослободителна пресуда за основачот на клубот „Ванчо Михајлов“
-
Побаран притвор за поранешните директори