Македонија обезбеди прибежиште за уште 14 авганистански граѓани
На Меѓународниот аеродром Скопје попладнето пристигнаа 14 граѓани на Авганистан, вработени во Обединетите Нации и членови на нивните семејства.
Како што појасни владината прес-служба, станува збор за продемократско население кое е во опасност од талибанските власти, а за кои Македонија им обезбеди привремен престој до заминување во трета држава. Со ова земјава ја продолжува активната улога во меѓународната операција за помош на граѓаните на Авганистан.
– По слетувањето беше спроведена стандардната процедура со безбедносна проверка и заштита и ПЦР тест. Овие цивили ќе бидат привремено сместени во Скопје, а трошоците во целост се покриени од Обединетите Нации, се наведува во соопштението.
Во земјава во моментов престојуваат 568 граѓани на Авганистан за кои институциите се ангажирани со сета поддршка и помош. Од Македонија до сега заминаа 85 граѓани на кои траен престој им обезбедија Франција, Грција, Ирска, Португалија, Бразил и САД.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Изложени сме на навреди и најдиректни закани
-
Таравари именуваше нови четворица директори на здравствени установи
-
Гир: Преминот „Маркова нога“ е инвестиција која ќе придонесе за развој на меѓуграничниот регион
-
Почна повлекувањето на законите за администрација од собраниска процедура, ќе се доработуваат низ широка јавна дебата
-
Николоски: Нема да дозволам да се случи повторно “Кичево – Охрид” со ниту еден друг проект
-
Автомобил целосно смачкан излетан од патот, тешка сообраќајка на излезот од Скопје | ВИДЕО
-
Ново директорско место за партијата на Стоилковиќ
-
Околу 6.400 Палестинци се водат како исчезнати од избувнувањето на војната во Газа