-->
-->
Македонија не знаеше да ја казни Италија
-->
Три порази во исто толку натпревари има Македонија во квалификацискиот циклус за пласман на Светското првенство, но со она што го демонстрираше во тие натпревари не заслужи да загуби ниту еден натпревар. Во неделата, избраниците на Игор Ангеловски, храбро и се спротивставија на Италија, која од бездната ја извлече Чиро Имобиле.
Македонија против Италија покажа карактер, напаѓачка игра, а на крајот ситните пропусти во одбраната ја чинеа барем еден бод.
„Честитки до Италија за победата, но вистинските честитки ги заслужија моите фудбалери, кои не се исплашија од четиркратниот светски првак, против кого игравме со отворен гард. Клучен момент беше шансата на Мојсов за 3-1 (72.минута), доколку постигнеше гол сметам дека ќе победевме. Потоа една искусна репрезентација каква што е Италија знаеше да не казни“, рече на пресот по натпреварот македонскиот селектор Игор Ангеловски и дополни: „Кога играте на гол повеќе нормално е да имате пропусти во одбраната, но исто така немојте да заборавите против кого игравме. Ќе се обиеме тие грешки да ги отстраниме“.
Селекторот информираше дека Несторовски и Хасани ги заменил бидејќи двајцата се пожалиле на повреди.
„Повредите не се сериозни, но повеќе ќе се знае по дополнителните прегледи“, рече селекторот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Расчистено убиството во Батинци, се трага по едно лице
-
Поради пожар затворен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца
-
ЦУК: Неколку пожари во Куманово и Старо Нагоричане
-
ЦУК: Поради ветер кој го зафати подрчјето на Куманово и Скопје на повеќе локации од искрење на жици предизвикни се пожари
-
Поранешниот претседател на Албанија, Илир Мета, останува во затворски притвор
-
Регрут од украинската армија уби двајца свои инструктори
-
Уапсен еден од соучесниците за убиството во Батинци
-
Владата обезбедува прочистувачи на воздух за 49 општини