-->
-->
Македонија на стартот против Италија
-->
Футсал репрезентацијата на Македонија утре во дуел со домаќинот на групата Италија ќе ги почне натпреварите од квалификациите за Светското првенство 2016 што ќе се одржи во Колумбија. Домаќинот Италија е првиот ривал за нашата реперезентација, а почетокот на дуелот е во 12 часот, додека во првиот натпревар од групата играат Словачка и Молдавија (почеток 10 часот).
Квалификациската група се игра во Бари.
Во пресрет на дуелите селекторот на Македонија Васко Скендеровски истакна:
- Ова е интересна група. Нашите три ривали се со различен квалитет и различен стил на игра. Италија е фаворит во групата и како домаќин, но и како европски шампион. Дуелот Македонија – Словачка ќе решава која репрезентација како втора ќе обезбеди место во баражот. Затоа и дуелот со Словачка ќе биде решавачки, бидејќи Молдавија е аутсајдерот во групата. Имаме реални шанси за успех дека оваа репрезентација реално е со најголем квалитет и фонд на играчи.
Во второто коло Македонија во петок ќе игра против Словачка, а во последното коло ривал ни е Модавија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Вработените во пошта се уште немаат земено плати
-
Мега инвестиција најави премиерот
-
Unbox your box – нова перспектива во доставата на пратки во Македонија
-
Мицкоски очекува Лимани сепак да добие американска виза
-
СДСМ ќе поднесе кривична пријава за кршење на деловникот на Собранието и правата на пратениците
-
За два месеци во ИЈЗ пријавени 100-тина случаи со шуга
-
Преглед на вестите од светот
-
Вреди: Најавите за бојкот на локалните избори го покажуваат стравот на ДУИ од пораз