Македонија на списокот на „непријателски земји“ на Белорусија
Белоруската Влада одобри список на непријателски земји, а на Националниот правен интернет портал денеска е објавена и резолуцијата на Советот на министри за тоа, јави Интерфакс.
Покрај земјите-членки на Европската унија, на листата се уште 12 земји – САД, Велика Британија, Австралија, Канада, Норвешка, Нов Зеланд, Албанија, Исланд, Северна Македонија, Лихтенштајн, Црна Гора и Швајцарија.
Одлуката стапува во сила на денот на официјалното објавување.
Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко, потпиша декрет со цел, како што се наведува, „да ги заштити националните економски субјекти од задолжување со средства од нивните сметки на барање на резиденти на странски земји кои вршат непријателски дејствија против белоруски правни или физички лица“.
Ново на Сител
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Тема на денот со Горан Минчев, министер за јавна администрација
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Два активни пожари денеска - премиерот смета дека тие кај Скопје биле дел од организирана акција
-
Се зголемува бројот на обиди за ин витро оплодување на сметка на ФЗО
-
Златни кратовски денови стартуваа со музичко шоу
-
Реновираниот „Музеј на вода“ повторно блеска
-
Преглед на вестите од светот