-->
-->
Македонија може да смета на поддршката од Германија
-->
И благодариме на Македонија за нејзиниот конструктивен пристап и помошта која што ја дава на Европа во решавање на кризните ситуации со кои што се соочуваме, порача вчера во Берлин германската пратеничка во федералниот парламент Урсула Гроден - Граних која се обрати на приемот организиран od Амбасадата на Република Македонија по повод денот на македонската независност 8 - ми Септември.
Пред стотина претставници на дипломатскиот кор, германски политичари, пријатели на Македонија и претставници на македонската дијаспора, Гроден - Граних која што е пратеник од редовите на партијата ЦДУ на канцеларката Ангела Меркел порача дека Македонија може да смета на искрено пријателство и поддршката од Германија во остварување на своите цели - членство во ЕУ и НАТО.
- Како што рече амбасадорот Марковски Македонија од 2005 година има статус на земја кандидат за членство во Европската Унија. За жал досега преговорите не можеа да почнат и поради спорот со Грција. Јасно ми е дека таа состојба е фрустрирачка и тешка. Истовремено сакам срдечно да ви се заблагодарам за придонесот кој го вложивте во надминување на тешката ситуација во која моментално се наоѓа Европа, изјави Гроден - Граних која е член на комисијата за Европска Унија во германскиот Бундестаг.
Предходно амбасадорот на Република Македонија во Германија Сашо Марковски пред гостите порача дека по повод 8 Септември, како симбол на новиот почеток во кој една од целите е Македонија да стане рамноправна членка на Европската Унија, треба да се потенцира дека сите напори на земјата се насочени кој спроведување реформи согласно очекувањето на македонските граѓани и стандардите на ЕУ.
Македонскиот амбасадор пред присутните изјави дека признанието за направените реформи кое цела деценија доаѓа од ЕУ треба да биде проследено со конкретен датум за преговори, но и дека недобивањето датум не ја обесхрабрува земјата и не го менува зацртаниот курс на да стане дел од ЕУ затоа што тоа е барање на граѓаните.
Македонија е подготвена да ги надмине сите кризи и да слушне различни мислења за состојбите а во исто време да ги негува и докажува своите пријателства. Македонската заедница во Германија, каде Марковски како што рече го минал поголемиот дел од животот, има задача да го негува пријателството со Германија и истото да го става на проверка. Според него динамичните промени на меѓународен план последнивте години покажуваат дека дипломатските и политичките решенијата кои што се носат мора да бидат одржливи и да бидат од интерес за сите засегнати страни.
Според Марковски најдобар пример за квалитетот на односите меѓу двете земји треба да биде трговската соработка која од година во година се зголемува пред се поради зголемените германски инвестиции во Македонија. Германија е прв трговски партнер на Македонија со 23 проценти од вкупната трговската размена со странство при што во 2014 година од Германија се увезени стоки во вредност од 800 милиони евра додека во спротивен правец заминале стоки во вредност од 1,9 милијарди евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Филипче: Владата да каже за што се потрошени парите од унгарскиот кредит
-
Делегација од Кисела Вода предводена од градоначалникот Ѓорѓиевски положи цвеќе на гробот на Борис Трајковски
-
Мицкоски: Точно се определени начините како можат да се трошат средствата обезбедени преку кредитната линија од Унгарија
-
Има закон и ќе одговараат пред него, им порача Мицкоски на супер маркетите кои картелски се здружуваат
-
Дожд и повремен снег во наредните денови
-
Планетарна линија на небото деновиве
-
Казнети 120 возачи вчера за брзо возење, 72 за возење без возачка дозвола
-
Обвинета медицинска сестра од Австралија, најдено видеово кое кажува дека нема да лекува Израелци и дека ќе ги „убие“