Македонија ќе остане без матични лекари ако не се донесе итно системско решение
Итно носење на системско решпение или за 5 години ќе нема кој да го лекува населението. Старосната граница на матичните е 58 години, ретки се младите кои сакаат да работат во примарна здравствена заштита а во некои градови пациенти прегледуваат и 70 годишни доктори со продолжување на работниот век. Од здружението на приватни лекари со години алармираат за овој сериозен проблем и велат веќе нема време за чекање.
- Веќе немаме време за промени на министри, ние очелуваме со новиот министер сериозно да седнеме да работиме да најдеме системско решение што ќе го реши овој системски проблем. Имено, ако не направиме стратегија веднаш како ќе завршат младите доктори веднаш да се вработат во региони каде што нема здравствена заштита а постои народ што плаќа здравствено осигурување. Да има систем каде по 3 години ќе им се дава специјализација и правилно да се распределат онаму каде што треба, не може сите за Скопје. Значи оваа држава мора да има цврста рака, вели д-р Лилија Чочакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ
Ресен е еден од градовите каде во последните 15 години нема нови матични лекари, бројот на ординации се намалува и во Кавадарци, Валандово нема педијатар а во Тетово младите доктори сите сакаат да работат во секундарна здравствена заштита. Но освен намалување на бројот на опрдинации има населени места со поголем број на жители а нема кој да им измери крвен притисок.
- Бузалково е село во велешкиот регион со огромна популација а нема никаква здравствена заштита. Извор – иако постепено населението се намалува, има жители кои плаќаат здравствено осигурување и има прекрасна рдинација но таа е оставена на милост и немилост, вели Дервишова.
Стареењето на докторите не е проблем само во Македонија туку и во повеќе европски земји. Оваа тема беше една од точките на годишниот состанок на лекарски комори од Централна и Југоисточна Европа што се одржа во Скопје.
- Она што е реална ситуација е дека здравствените работници во сите овие држави стареат. И што треба да се направи – сериозно да бидат подмладени, да повеќе луѓе бидат заинтересирани не само како лекари, ние имаме сериозен проблем и со медицински сестри и други здравствени работници, вели д-р Калина Гривчева Старделова, претседател на ЛКМ
Засега зголемувањето на капитацијата на матичните го спречи процесот на заминување во странство. Но тоа е далеку од решение за подмладување на примарната здравствена заштита која треба да биде столб на здравството.
-
Сања Димитровска
Сите содржини од овој новинар