Македонија ќе користи јужнокорејски искуства за кибер заштита
Размена на искуства и практиките во областа на кибер безбедноста од Јужна Кореја во Македонија, има за цел дводневната работилницата за „Национална рамка и стратегија за сајбер безбедност и функционирање на национален CERT/CSIRT“, што се одржува во Скопје во организација на Министерството за информатичко општество и администрација, Корејската агенција за интернет и информатичка безбедност и Светска Банка.
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на отворањето на работилницита, рече дека Владата сака да ги слушне искуствата од поразвиените земји за предизвиците со кои се соочиле, а истовремено се залага за соработка со сите институции, приватниот и граѓанскиот сектор и универзитетите за зајакнување на сајбер безбедноста во Македонија.
Посочи дека се повеќе работи се извршуваат електронски и напредува процесот на дигитализација, а безбедносните инциденти може да предизвикаат последици врз сите активности во државата.
- Како што ги штитиме нашите останати територии, мора да го заштитиме и нашиот информатички простор. Институциите и компаниите мора да ги добијат сите битки, а хакерите само една. Затоа мора да бидеме цело време подготвени и будни за да одговориме на предизвиците, изјави Манчевски.
Истакна дека една од задачите е подигање на свесноста на граѓаните и институциите за опасноста од кибер напади.
- Довербата на граѓаните во службите и институциите зависи пред се од безбедноста на нивните податоци и сајбер безбедноста воопшто. Во следниот период ќе влеземе во нова ера на дигитализација и ќе се воведе електронски регистар на население и нов национален портал за електронски услуги. Со нив доаѓа и електронскиот идентитет на граѓаните. Сите ние ќе имаме лични податоци кои ќе бидат некаде складирани и институциите ќе ги користат. Покрај сите поволности што ќе ги нудиме, ќе мора да ја поставиме и безбедност на овие податоци, изјави Манчевски.
Нагласи дека Јужна Кореја се смета за една од најдигитално поврзаните земји во светот и се едни од најдигитално загрозените земји во светот.
- Јужнокорејската Влада инвестира масовно во одбрана на сајбер системот и затоа особено ни е важно нивното искуство, изјави Манчевски.
Ново на Сител
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи