Македонија ја потпиша Конвенцијата на ОЕЦД

Со цел борба против даночната евазија и сивата економија, Република Македонија ја потпиша Конвенцијата за заемна административна помош за даночни прашања на ОЕЦД и Советот на Европа, соопшти денеска Министерството за финансии.
Станува збор за конвенција потпишана од повеќе од 120 држави. Овозможува даночна соработка меѓу потписниците преку размена на информации, соработка при наплата на даноци, заеднички даночни контроли,...
- Конвенцијата е глобален инструмент за даночна соработка меѓу државите и воедно најопширна мултилатералнa конвенција за размена на информации и даночна соработка. Меѓу земјите потписнички се и земјите од Г-20 и земјите членки на ОЕЦД. Од регионот потписнички на конвенцијата се Албанија, Бугарија, Хрватска и Словенија, информира Министерството.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Симонида Кацарска, директорка на Институт за европска политика
-

Процесот на проширување на ЕУ ќе остане заснован на заслуги и веродостојни реформи
-

Што нуди новиот нон-пејпер за Македонија?
-

Рокас: Обврските од 2022 мора да се исполнат
-

Обвинителството со видео-докази: Полицијата пристигнала 10 минути пред пожарот во „Пулс“
-

СДСМ: Ако има докази, зошто случајот „Мазут“ е стопиран?
-

Договорци од Детската клиника си ги бараат застанатите плати зошто 5 месеци не добиле ниту денар
-

Со 40 нови камиони и 2.600 контејнери ќе се решава проблемот со ѓубрето во Скопје
