-->
-->
Македонија ја очекува нов настап на Европско првенство
-->

Машката македонска репрезентација од утре го започнува својот четврти настап на Европските првенства. Македонија досега на шампионатите учествуваше 1998 година во Италија го освои 12.место, во Србија 2012 година беше пласирана на 5.место (најдобар пласман) и пред две години во Данска освоено беше 10.место.
Нашата репрезентација од вчера се наоѓа во Краков каде и ќе ги игра натпреварите од првата фаза. Групата на Македонија е исклучително тешка бидејќи во неа се наоѓаат европскиот шампион Франција, домаќинот Полска и Србија. По тој редослед Македонија и ќе ги игра натпреварите: Франција (15.јануари 18 часот), Полска (17.јануари 20:30 часот) и Србија (19.јануари 18:15 часот).
Натпреварите нашата репрезентација ќе ги игра во ТАУРОН Арена Краков една од најголемите и најфункционалните сали во Полска и во Европа. Доамќинот очекува повеќе од 15.000 гледачи да ги следат сите натпревар на полската селекција. Според информациите од денешната прес конференција на ЕХФ и на полската ракометна федерација сите влезници за првиот ден се продадени за натпреварите во Краков, Вроцлав и Гдањск, додека во катовице повеќе од 90 % се продадени.
Распоред на групите:
А група (Краков): МАКЕДОНИЈА, Полска, Франција, Србија.
Б група (Катовице): Хрватска, Исланд, Белорусија, Норвешка.
Ц група (Вроцлав): Шпанија, Шведска, Германија, Словенија.
Д група (Гдањск): Данска, Унгарија, Русија и Црна Гора.
На шампионатот Македонија ќе ја преставуваат и судиите: Славе Николов и Ѓорѓи Начевски.
Најуспешна досега на шампионатите е Шведска која има четири први места, Франција има три европски титули, Данска во два наврати беше прва, а по една титула имаат Русија и Германија. Вкупно 10 репрезентации имаат освоено медали на Европските првенства.
Од Краков,
Марјан Ников
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мелони: Италија покажува силен интерес за заедничко производство на дронови со Украина
-

Трамп: Војната со Иран би можела брзо да заврши
-

Во голема акција на Европол и црногорската полиција уапсени 12 членови на балкански картел
-

Бројот на убиени по пукањето во училиште во Турција се искачи на девет лица, од кои осум се деца | ВИДЕО
-

Турција: Осмоодделенец, син на полицаец, со оружје од татко му во училиште уби четири лица, рани 20 па се самоуби
-

Лавров: Иран има неотуѓиво право да збогатува ураниум
-

Татко се самозадоволувал пред синот и го наведувал да гледа порнографска содржина и да самозадоволува
-

Приведени шест возачи за безобѕирно управување возило, четири возеле без дозвола, а двајца под дејство на алкохол
