Македонија ја очекува дозволата за извоз на пастрмка во ЕУ

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Атанасов очекува за еден до два месеца Македонија да биде ставена на листата на ЕУ за извоз на пастрмка на европскиот пазар.
Како што вели за МИА, прашалникот е пополнет пред две недели, а барањето не било воопшто едноставно. Му претходеле тригодишни подготовки, воспоставување контрола и мониторинг на одредени болести кај рибите.
- Очекуваме за месец до два да бидеме ставени на листата, а потоа, преку зајакнување на биосигурносните мерки на рибниците, некои од нив и од одгледувалиштата да бидат одобрени за извоз, нагласува директорот.
Според него, откако Македонија ќе ја добие дозволата за извоз на пастрмка во ЕУ, производителите или одгледувачите ќе може да аплицираат за извоз и да планираат долгорочни инвестиции во тој правец.
Земјава во последниов период е ставена на листата за извоз во ЕУ на говедско, пилешко, овчо и козјо месо, јајца, млеко и рибини производи.
Ново на Сител
-

Архијерејски помен за жртвите
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Правдата не е прашање на политика, не ги оставаме семејствата сами
-

Ретроспектива: Како реагираше здравствениот систем по трагедијата во “Пулс”
-

ССМ на протест: Минималец од 600 евра и повисоки плати на сите за 100 евра
-

Војната во Иран продолжува
-

Локализиран пожарот кај Јабланица
-

Турската бања во Прилеп стана опасност за граѓаните, делови од ѕидот секој момент може да се урнат
