Бизнис
3. јуни 2019 - 16:31

Македонија има интерес да биде дел од нуклеарната централа Белене

Македонија заинтересирана да се вклучи во изградбата на нуклеарката Белене. Во службен весник на ЕУ Бугарија минатата недела го објави повикот за изразување интерес. Во него стои дека се бара заинтересиран стратешки инветсир за откуп на акции и за набавка на стрија од централата. Понудите ќе се доставуваат три месеци. Од кабинетот на вицепремиерот Анѓушев за Сител велат дека Владата е заинтересирана за овој проект.

„Владата сериозно ги разгледува понудените опции на јавниот повик, во насока на обезбедување на енергетска стабилност и независност. Постои иницијален интерес за вклучување во овој проект. По направените детални анализи, јавноста ќе биде информирана за ставот и преземените чекори“, стои во дописот од кабинетот на Анѓушев.

Прокетот Белене е стар речиси 40 години, одлаган е неколку пати, а сериозно рестартиран е во 2008 година.

Интерес за нуакеларката засега покажале Русија преку нуклераната компанија Росатом, германско-француски конзорциум Франтом, американската компанија Џенерел Електроник, кинеската CNC како и корејската Хидро. Според плановите централата треба да има инсталиран капацитет од две илјади мегаватчасови и годишно производство на електрична енергија од 14 илјади гигаватчасови. Од ова производство осум до девет гигаватчасови би биле за потребите на , а остатокот би се нудел на регионалниот пазар. Освен макеоднската, интерес за Белене има и кај српската влада.