Македонија и во 2022 година ќе учествува на Евровизија
Македонија и следната година ќе биде дел од 41 земји учеснички на изборот на песна за Евровизија.
Европската радиодифузна унија (ЕБУ) ја објави листата на земји кои ќе имаат свои претставници. Ќе учестуваат сите 39 годинешни претставници, а на сцената се враќаат и Црна Гора и Ерменија.
Од балканските земји Босна и Херцеговина е единствена земја што нема да биде дел од оваа музичко натпреаврување, а својот последен претставник го имаше во 2016 година.
Македонската радио телевизија како членка на ЕБУ очигледно прифатила да учествува и следната година, но нема информации од нивна страна. Оваа година нѐ претставуваше Васил Гарванлиев кој освои само 23 поени и не успеа да влезе во финале.
Во последните 10 години Македонија два пати има влезено во големото финале, еднаш со Калиопи и еднаш со Тамара Тодевска која впрочем победи според гласовите на стручното жири, но загуби со гласовите на публиката.
Со победата на групата „Манескин“ годинава, Италија ја доби можноста да биде домаќин на најпознатото музичко натпреварување во светот. Град домаќин ќе биде Торино.
Полуфиналните вечери ќе се одржат на 10 и 12 мај, додека големото финале е предвидено да се случи на 14 мај во „Пала Олимпико“, една од најголемите затворени арени во Италија.
Ново на Сител
-
Голем пожар во Трубарево
-
Граѓани на “Водно” бараат спас од загадувањето од депониите
-
На полноќ истекува рокот во ДИК за поднесување кандидатски листи
-
Владата планира целосно автопатско решение на Прилеп со изградба на автопат од Прилеп до Фариш преку Плетвар
-
Македонската текстилна индустрија во „Слободен пад“
-
Забрзано исчезнуваат големи количини вода од Преспанското езеро
-
Модернизација и поголема финансиска поддршка, услови за напредок на македонското земјоделство
-
Полицијата истражува дали пожарот во Дрисла е подметнат