Македонија и Турција имаат одлична соработка во културата, оценија ресорните министри
Македонија и Турција имаат традиционално одлична соработка во сите дејности на културата, која се карактеризира со размена на многубројни проекти и уметници, оценија денеска во Истанбул ресорните министри Елизабета Канческа-Милевска и Махир Унал.
Како што соопшти Министерството за култура, на средбата било разговарано и за проектите преку кои во наредниот период ќе се продлабочат релациите во областа на културата меѓу двете држави.
- Канческа-Милевска и Унал го поздравија отворањето на културно-информативните центри во Истанбул и во Скопје, во чии рамки во наредниот период ќе се реализираат многубројни културни содржини преку кои македонската и турската јавност ќе имаат можност дополнително да се запознаат со културните вредности на двете земји, соопшти Министерството за култура.
Културно-информативниот центар на Република Македонија во Истанбул оваа година ќе почне со активности. Сместен е во репрезентативен објект на плоштадот Таксим во Истанбул. Културно-информативниот центар на Турција во РМ, пак, ќе биде сместен во споменикот на културата Куршумли ан, кој ќе биде обновен од страна на Република Турција.
- Министрите за култура разговараа и за други актуелни проекти, меѓу кои и за новиот објект за Турскиот театар во Скопје, во чија понатамошна изградба треба да се вклучи и Република Турција, како и за проектот за обнова на куќата на родителите на Кемал Ататурк во селото Коџаџик во Општина Жупа, кој придонесе за голема промоција на нашата земја во Турција, наведува Министерството во соопштението.
Министрите разговарале и за претстојниот меѓународен филмски фестивал во Едрене, каде што во средината на март ќе биде организирана Недела на македонската култура. Двајцата соговорници, меѓу другото, ја поздравиле и одличната соработка меѓу националните комисии на УНЕСКО на двете земји, како и реализацијата на проектите особено во областа на заштитата на културното наследство и издавачката дејност.
Средбата на Канческа-Милевска со Махир Унал е во рамки на нејзината работна посета на Турција и учеството на втората конференција на Советот на министри за култура на Југоисточна Европа.
Ново на Сител
-
Изминатиот викенд 1363 сообраќајни прекршоци, 389 за брзо возење
-
„Пајакoт“ отстранил 103 непрописно паркирани возила изминатата недела на територијата на Општина Центар
-
„Инфлуенсерката“ убиена во видео во живо, била застрелана од платен убиец
-
Возач од тетовско управувал возило со 111 км/час на место каде е дозволено 50 км/час
-
Ди Марија ја напушта Бенфика
-
Италијанецот Стано го собори светскиот рекорд во брзо одење на 35 километри
-
Алкараз го совлада Синер за прва титула во Рим
-
Македонските тенисери елиминирани во квалификациите на „Macedonian Open 2025“