Македонија и Португалија првпат почнуваат соработка во одбраната
Сојузништвото во НАТО ги јакне одбранбените врски меѓу Македонија и Португалија, беше посочено на синоќешната средба на министрите за одбрана Радмила Шекеринска и Жао Гомеш Кравињу во Лисабон, каде делегација од Министерството за одбрана (МО) и од Армијата предводена од министерката е во дводневна официјална посета.
Како што информираат од МО, заблагодарувајќи се на поканата за посетата Шекеринска изрази надеж дека Договорот за билатерална соработка во одбраната наскоро ќе биде потпишан и дека двете држави ќе имаат успешна соработка.
-Португалија беше меѓу првиот бран држави кои ја почнаа ратификацијата на протоколот за наш прием во НАТО, што го сметаме за исклучително пријателски чин и политичка волја за поддршка на Македонија. Уверена сум дека тоа создаде добра основа да развиваме искрена и плодна соработка како сојузници во Алијансата, рече Шекеринска на средбата.
Министерката го запозна португалскиот колега со плановите за воена интеграција на земјава во НАТО која треба да заврши до крајот на оваа година, како и со можностите кои ги нуди воениот полигон Криволак кој го развиваме како домашен и капацитет на Алијансата.
Министерот Кравињу го потврди интересот за воспоставување Договор за билатерална соработка и рече дека Португалија високо ги цени постигнувањата на земјава на планот на членството во НАТО и придонесот што го дава во регионалната безбедност и стабилност. Тој ги поздрави заложбите за почеток на преговори со ЕУ на нашата земја и истакна дека местото на земјите од Западен Балкан е во ЕУ.
Двајцата министри договорија заеднички вежби на специјалните сили, и поголема соработка во сајбер одбраната за што министерот Кравињу изрази подготвеност да дадат поддршка и преку програмата PESCO чии активности ги координира Португалија.
Делегацијата на Министерството за одбрана и Армијата ја посети и Командата за здружени операции – оперативно седиште за НАТО, ОН и ЕУ мисии во странство, каде имаше брифинг и разговори со началникот на Генералштабот на Португалските вооружени сили, адмирал Антонио Силва Риберо. Исто така ги посети и НАТО академијата за комуникации и информации, како и воената школа за обуки и тренинзи за странски мисии, пешадија, механизирани единици и артилерија.
Шекеринска беше дочекана од португалскиот колега со највисоки почести и свечена церемонија на која интонирањето на нашата државна химна беше проследено со почесни плотуни од страна на воената морнарица во чест на доаѓањето на министерката.
Ново на Сител
-
Алармантна состојбата со булинг во основните училишта
-
За една година, над 110 сообраќајки на истокот со повеќе од 170 повредни
-
Преглед на вестите од светот
-
Меѓународен ден на студентите
-
Тема на денот со Гордана Димитриеска Кочоска, Министер за финансии
-
Цигарите и загадениот воздух рак рана за лицата со ХОББ
-
15-годишник со нож прободел двајца малолетници во два одвоени инциденти
-
Преглед на вестите од светот