Македонија и Чешка потпишаа Спогодба за преземање на лица со незаконски престој
Протоколот меѓу Владите на Македонија и Чешка Република за спроведување на Спогодбата за преземање на лица со незаконски престој, со што се овозможува регулирање на процедурите за преземање на лица со незаконски престој меѓу двете држави, денеска во Прага го потпишаа министрите за внатрешни работи на двете држави Оливер Спасовски и Јан Хамачек.
Како што соопшти МВР, на денешната средба министрите Спасовски и Хамачек ја потенцирале добрата соработка меѓу двете држави. Спасовски се заблагодарил на Чешката Република и Министерството за внатрешни работи за несебичната поддршка и помош за македонската полиција во справувањето со миграциската криза која, како што нагласил, е еден од најголемите предизвици за Република Македонија, со кој можевме да се справиме само преку заемна соработка меѓу државите од регионот, поткрепена со силната поддршка на државите од Вишеградската група и Европската Унија.
Чешка помогна преку доделени донации за справување со последиците од миграциската криза, како и за зголемување на капацитетите на македонската полиција, но и со присуство на контингентите на чешките полициски службеници на нашата јужна граница, се наведува во соопштението на МВР.
Ново на Сител
-
Протест на жителите на Аеродром против депонијата Вардариште
-
Teма на денот со Наќе Чулев, поранешен министер за внатрешни и поранешен директор на АР
-
Филипче: Разбирам зошто граѓаните се загрижени, но ЕУ процесот мора да продолжи
-
Студентите бараат зголемување на износот за субвенциониран оброк
-
Екс директорот на АНБ негира незаконско следење на комуникации, Мицкоски вели - сите ќе одговараат
-
Се води истрага кој го подметнал пожарот на Вардариште, надлежните си ја префрлаат одговорноста
-
Почна селекцијата за судија во Стразбур
-
Две години затвор за Љамалари за нападот врз градоначалничката Арсовска