Македонија и Бугарија нема заеднички да ја чествуваат 120 годишнината од смртта на Гоце Делчев
Софија и Скопје нема заедно да ја чествуваат 120 годишнината од смртта на Гоце Делчев на 4 мај, изјави денеска в.д. министерот за надворешни работи на Бугарија Николај Милков.
На прес-конференција во Софија, Милков рекол дека не е постигнат договор со Македонија за заедничко одбележување, иако имало такви договори и практики во претходните години.
Ќе организираме прослави во Бугарија во градот Гоце Делчев со учество на највисоко ниво. На овие прослави добредојдени се и претставници на Северна Македонија, истакнал Милков.
Тој предупредил дека оние бугарски граѓани кои ќе сакаат да го посетат гробот на Гоце Делчев во Скопје би можеле да се соочат со истите проблеми како во февруари, кога се одбележуваше 151 година од неговото раѓање.
Шефот на бугарската дипломатија вели и дека засега не гледа чекори од СКопје во насока на спроведување на францускиот предлог. Смета дека е многу важно како ќе бидат направени измените на Уставот.
Ново на Сител
-
Лиза Кудроу за скриената порака од Метју Пери
-
Поради зголемена бучава затворена авто-перална во Карпош
-
Мицкоски доби покана да присуствува на инаугурацијата на Трамп
-
Кривична за три лица за претепување на бездомното куче Феликс кое угина пред два дена
-
ДУИ: Македонците ја мразат ДУИ затоа што ги зајакна Албанците
-
Претстои студен бран и врнежи од снег, ЦУК апелира на соодветни подготовки и следење на прогнозата кога се тргнува на пат
-
Во Лос Анџелес уапсени 20 лица поради кражби
-
Министерот Тошковски ќе отвори нова канцеларија на управните служби во Желино