-->
-->
Македонија гостин на Словенија
-->
Фудбалската репрезентација на Македонија вечер со почеток од 18 часот во Копер ќе и гостува на Словенија во пријателски натпревар.
Селекторот Игор Ангеловски е задоволен од атмосферата која владее во македонскиот состав.
- Најважно што фудбалерите се здрави, немаме проблеми сите се на располагање. Ме радува што работиме во одлична атмосфера, фудбалерите се желни за настап и очекувам добра игра и позитивни резултати. Ќе форсирам препознатлив стил на игра, добро знаете дека преферирам офанзивна игра. Ќе влеземе во натпреварот да се добие, со единствена цел, и тоа ќе го барам од фудбалерите, изјави Ангеловски во пресрет на дуелот со Словенците.
По повеќе од две години во националниот тим се враќа најдобриот македонски фудбалер на сите времиња Горан Пандев.
- Тешко ми беше овие години кога не играв. Разговаравме со селектор и со претседателот на оваа тема. Селекторот треба да одлучи колку ќе можам да помогнам. Атмосферата е одлична, среќен сум што запознав некои нови играчи кои имаат квалитет. Да направиме сите да ја вратиме публиката, изјави Пандев.
Ова ќе биде четврто соочување на двете селекции, а на досегашните три победи македонската репрезентација. Во 1993 година на првиот официјален натпревар на независна Македонија, во Крањ беше 4:1, една година подоцна во Скопје натпреварот заврши 2:0, додека во 2012 „црвено-жолтите“ повторно во македонската престолнина славеа со 3:2.
фото: www.ffm.mk
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ДПА: Повеќето герамански гласачи се за коалиција меѓу конзервативците и СПД
-
Законските измени за сметководителите денеска пред пратениците
-
Oблачно со услови за дожд
-
Македонските кикбоксери се враќаат со 5 европски злата, 2 сребра и 10 бронзи
-
Наполи нема победа четири натпревари по ред, Интер нов лидер во Серија А
-
Доминација на Норвешка на машкиот биатлон на последниот ден од СП
-
Фридрих Мерц триумфира на германските избори, подготвен за формирање влада
-
„Да се обединиме за победа“ – масовен протест за Украина во Париз