Македонија го заврши и вториот меч со пораз
Во својот втор настап на 16. Европско фудбалско првенство, македонската репрезентација попладнево загуби од Украина со 2:1. Едно добро полувреме не беше доволно „црвено-жолтите“ да го освојат првиот бод.
Украинците победата ја обезбедија по подобрата игра во првите 45 минути кога Андриј Јармоленко во 29. минута им донесе водство, а Роман Јаремчук пет минути подоцна ја удвои предноста.
Македонците постигнаа гол преку Езѓан Алиоски во 57. минута, по одбиената топка, откако во претходниот обид украинскиот голман му одбрани пенал.
Пенал одбрани и македонскиот голман Столе Димитриевски во завршницата (84. минута) кој го одби ударот на Малиновски.
На „Национална арена Букурешт“, избраниците на селекторот Игор Ангеловски повторно имаа голема поддршка од околу пет илјади навивачи.
По овој пораз, македонските фудбалери имаат само теоретски шанси за пласман во следната рунда, додека Украина ги прокнижи првите три бода.
Вечер од 21 часот во Амстердам ќе се одигра другиот натпревар од 2. коло во „Ц“ групата на кој Холандија ќе ја пречека Австрија.
Ново на Сител
-
Претседателката Сиљановска Давкова во Рим оствари средба со претставници на македонската дијаспора
-
Столтенберг ги повика сојузниците во НАТО да ги укинат ограничувањата за употреба на западно оружје од Украина против цели во Русија
-
Приведен криминалец баран со потерница
-
77 санкции за пребрзо возење, 27 за непрописно престигнување на територија на СВР Тетово
-
Над 12 илјади граѓани заминале на продолжен викенд надвор од Македонија
-
За три месеци протерани 483 македонски граѓани од Германија
-
Вучиќ: Ме погоди гласањето на Северна Македонија за резолуцијата
-
Земји на НАТО што граничат со Русија ќе подигнат „ѕид од дронови“