-->
-->
Македонија го презема претседавањето со Енергетската заедница за 2018
-->

На состанокот на Министерскиот совет на Енергетската заедница, министерот за економија Крешник Бекшети ги истакнал приоритетите во текот на македонското претседавање како што се регионалната соработка во итни случаи за електрична енергија со цел да се избегнат едностраните забрани за извоз, како и решавањето на регионалните спорови во рамки на Енергетската заедница.
- На состанокот на Министерскиот совет, министерот Бектеши го презеде претседавањето со Енергетската заедница за идната година, поточно за периодот од 1 јануари до 31 декември 2018 година, а пред Советот на министри ги истакна приоритетите во текот на македонското претседавање, меѓу кои дополнување на Договорот за основање на Енергетска заедница, целосно спроведување на Третиот енергетски пакет, особено раздвојување на операторите на преносните системи, електричната енергија и гасот кај сите договорни страни, спроведување на регионален Меморандум за разбирање склучен во рамки на WB6 за спојување на ден-однапред пазарите на електрична енергија и балансирање, воведување на еднакви правила за издавање и признавање на лиценци и сл., се наведува во соопштението од Министерството за економија.
Состаноците на Министерскиот совет се одржуваат еднаш годишно и тоа на место коешто ќе го одреди земјата потписничка на Договорот која што во тој период претседава со Енергетската заедница, согласно ротирачки принцип
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Возач удрил 13-годишно девојче и избегал од местото на настанот
-
37-годишна жена два пати физички нападната во Скопје од својот сопруг во текот на еден ден
-
Тепачка помеѓу 6 лица во Ѓорче Петров, употребувани тврди предмети и оштетени две возила
-
Кривична за двајца полициски службеници, дозволиле да застарат 14 дела за тешки кражби
-
Мицкоски: Имаме организиран пристап и ќе продолжиме да помагаме на семејствата на настраданите во кочанската дискотека
-
Го оштетиле буџетот за 2,2 милијарди денари, поднесени обвиненија за „Онкологија“
-
Мицкоски за дивоградбата во Чаир: Градоначалничката на Град Скопје има ингеренции и треба да постапува
-
Лишен од слобода крадец во Куманово, одземеното е пронајдено