Македонија го одбележува Светскиот ден на астма
Стручен состанок на тема „Стратегија за справување на астма во Македонија“ ќе се се одржи денеска по повод Светскиот ден на астма, во организација на Македонското респираторно здружение.
ЈЗУ Клиника за пулмологија и алергологија, Здружението на пулмолози на Република Македонија и Македонското здружение за алергологија и клиничка имунологија се вклучуваат во одбележувањето на Светскиот ден на астмата со најразлични активности и предавања во 20-те регионални центри во Македонија.
Како што информираат од Македонското респираторно здружение, астмата е една од најчестите хронични болести во светот. Повеќе од 330 милиони луге во светот имаат астма. Се проценува дека бројот на заболени од астма ќе се зголеми за повеќе од 100 милиони до 2025 година.
Астмата претставува огромен товар на општествата на глобално ниво. Се регистрираат повеќе од 500.000 хоспитализации и 250.000 смртни случаи на годишно ниво во светот.
Ново на Сител
-
Страотна сообраќајка кај скопско Влае - тројца повредени
-
ДИК: Гласаат болни и изнемоштени лица, затвореници и дијаспора
-
Избори во Идризово, гласаат близу 900 затвореници
-
Во Штип гласаат болни и изнемоштени, излезноста со ист процент како и во првиот изборен круг
-
МВР подготвено за избори
-
ЕУ одблизу го следи изборниот процес, очекува идната Влада да биде посветена на европскиот пат
-
Растат трошоците за живот
-
Ангелоски: Замислете какво е чувството да платите, а веќе утредента да не важат повисоките цени