Македонија
4. April 2022 - 16:34

Македонија го одбележа денот на НАТО

НАТО е Алијанса кој значи обезбедување на цивилизациски напредок и вредности, а на Македонија и донесе безбедност, но и поголема одговорност.

30 земји членки на Алијансата денеска го слават Денот на НАТО, силно обединети во одговор на предизвиците кои ги наметна новата глобална реалност и во осудата на руската агресија на Украина.     

Со гордост го славиме денот кога станавме членка во најмоќниот воено – политички сојуз, вели премиерот, апелирајќи дека на нужност од побрза евроинтеграција за земјава.  

Во време кога неоправданата агресија на Русија ја загрозува регионалната безбедност, гледаме колку е важно ова партнерство, истакна американската амбсадорка во земјава.

73 – годишнината од формирањето на НАТО беше одбележано и во МНР. Пред амбасадорскиот кор од земјава беше дискутирано за последиците од војната во Украина и колку оваа реалност силно ја наметнува потребата од членство во ЕУ.