-->
-->
Македонија домаќин на Унгарија
-->

Кошаркарска репрезентација на Македонија вечер од 20:30 часот во салата Јасмин во Кавадарци ја пречекува селекцијата на Унгарија во рамките на 3.коло од Г групата во квалификациите за пласман на Европското првенство во 2017 година.
Во првите две кола Унгарците имаат максимален ефект од две победи и се издвоија како еден од најсериозните кандидати за директен пласман на Еврбаскетот во 2017.
„Црвено-жолтите“ во воведните две кола имаат половичен успех победа над Луксембург и пораз од Велика Британија.
Македонската селекција ќе биде осетно ослабена поради неиграњето на еден од нашите најдобри кошаркари повредениот Дамјан Стојановски, кој на дуелот против Велика Британија во Лондон ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено.
На местото на повредениот Стојановски во националниот дрес ќе настапи кошаркарот на МЗТ Скопје, Адем Мекиќ.
Досега Македонија против Унгарија одиграла шест средби во кои има биланс од четири победи и два пораза.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кратери: Мобилизација, време е повторно да покажеме дека сме срцето на Силекс
-
Започнува грејната сезона, апел до граѓаните за навремена подготвеност
-
Седумнаест случаи на труење од штипска сендвичира, кај дел од нив изолирана салмонела
-
Драчево без вода
-
Му се заканиле дека ако не им даде 40.000 евра ќе го убијат, уапсени двајца Турци за изнуда | ФОТО
-
Трамп воведе царини за дрвена граѓа и дрвени производи
-
Без вода корисници од објектите на УКИМ
-
Арапски, муслимански и европски држави го поздравија планот на Трамп за Газа